Monday 2 December 2024  
   
Дали знаете...
Сакате да заштедите?
Дебелина на топлинската изолација
Топлински мостови

Не сакате да штедите?
Print

...потоа немојте да штедите!  

Ајде да градиме енергетски ефикасно!

 

     >>>>   Да си направиме ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ.


 

Климатските промени и драгоцената енергија

Најчесто забораваме дека сме дел од природата и дека мораме да се прилагодиме на законите на природата, а не да делуваме против нив, а потоа наивно да се жалиме на последиците.

Глобалниот развој во сите области, како и желбата за поголема удобност на живеење, во голема мера влијаат на загадувањето и прегревањето на атмосферата. Од ден на ден предизвикуваме се поголеми промени на климата чиишто последици ги чуствуваме секојдневно во средината во која живееме и работиме. Станува сосема јасно дека планерите на развој во сите области мораат да ги намалат или елиминираат деструктивните ефекти врз животната средина со прилагодени барања во интерес на долгорочно одржување на природната рамнотежа.

Основните човекови потреби, за жал, веќе не се сами по себе разбирливи. Чист воздух, вода за пиење, природна храна, урамнотежено време, поволна клима во просторите за живеење со тоа и долг и пријатен живот за нашата генерација и генерациите на нашите потомци се скапоцени вредности. Предвидувањата за климатските промени се катастрофално лоши. Залихите на во моментов познатите енергенти се намалуваат.

 

Време е за промени!

Ние немаме влијание на се. Во животната средина и делумно на работното место сепак можеме сами да направиме некои промени ...

 

Навреме да се подготвиме на енергетската независност!

Насоките на ОН за управување со климатските промени од 1992 година, со неколку  измени го ограничуваат загадувањето на животната средина. Во областа на градежништвото на пример, во повеќето земји се ограничува употребата на енергија за греење и ладење на зградите.

Чекор напред е размислувањето за енергетска независност односно подготовка на условите за користење на обновливите извори на енергија, кои што природата дарежливо сè уште ни ги нуди (сонце, ветер, вода, геотермална енергија ...)

Приближување кон енергетска независност секогаш започнува со реализација на ЕНЕРГЕТСКИОТ ШТИТ на зградите; започнува со внимателено проектирање и вградување на соодветна топлинска изолација во дебелина која ќе ги задоволи нашите потреби.

Ниско енергетска куќа - Скоро нула нискоенергетска куќа - Енергетско независна куќа

Било како да ги разбираме овие наслови, тоа е неопходност и тоа е нашата иднина.

Не штеди, гради ефикасно!

Штедење во смисла на "не дозволи си" не е пријатно. Сите ние сакаме најудобен и безгрижен живот. Затоа треба да градиме енергетско ефикасни објекти. Треба да си направиме ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ.  

>>>>  Ефикасна топлинска заштита

Енергетската ефикасност значи користење онолку енергија колку што е потребно за  удобно живеење, и ништо повеќе. Количеството на енергија за удобно живеење во голема мера зависи од дебелината на соодветната топлинска изолација, која станбените објекти трајно ги штити од пробив на студ или топлина и одржува удобна клима на живеење. Видот на употребената топлинска изолација зависи од локацијата и начинот на употреба.

Ефикасна топлинска изолација на зградите  е  првиот и најлесен чекор за достигнување на трајно удобна клима на живеење.

Секојдневно неповолните временски настани (бури, град, поплави...), неподнослива топлина во просториите за живеење во текот на летото, високите сметки за ладење на истите, големи загуби на топлина во постудените денови, од друга страна нови закони и енергетски поттици не принудуваат на размислување и преземање на мерки:

  • Проектантите го прилагодуваат обликот на објектите така што тие можат да ги издржат различните климатски услови.
  • Законодавците од областа на животната средина ги заоструваат барањата за топлинска ефикасност на зградите кон енергетска независност.
  • Свесни потенцијални градители се одлучуваат за ниско енергетски згради. 
  • При реновирање се размислува за трајни и ефикасни решенија.


Не сакате за заштедите?
Print

... тие не штедат!

Дозволете ни да градиме на енергетски ефикасен начин!

 

 

         >>>>  Дозволете ни да направиме ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ!

Климатски промени и скапоцена енергија

Повеќето од нас не се свесни дека сме дел од природата, како и дека треба да делуваме во полза на природните закони, наместо да работиме против нив, и потоа да се жалиме дека не сме биле свесни за последиците бидејќи поголемиот дел од времето ги игнорираме.

Глобалното и урбано  живеење во сите области, комбинирано со желбата за комфорно живеење, го зголемуваат загадувањето и глобалното затоплување. Ние сме причината за забрзаните климатски промени, како и импактот на дневно ниво и нашите работни места. Со текот на времето стануваме свесни дека целиот развој мора да успори се со цел да се заштити природата, или да продолжи со имплементирање на барања, прописи кои ќе осигураат природен баланс за идните генерации.

За жал, осноните барања за живеење не можат да бидат земени здраво за готово. Чист воздух, чиста вода, органска храна, нормално време, пријатна клима, сите тие фактори допринесуваат за долг и пријатен живот за секоја идна генерација. Како и да е, очекуваните резултати од климатските промени се многу загрижувачи, и моменталните сознанија за потрошеноста на енергетските извори се исцрпува забрзано.

Време е за промена !

Не можеме да имаме влијание на се, но сепак може да направиме промени за самите нас а со тоа да имаме влијание врз целата околина.. Мора да работиме на тоа да станеме енергетски ефикасни пред да биде доцна.

Уште од 1992, Обединетите Нации го презентираа моделот по кој треба да се водиме се со цел да ги држиме климатските промени под контрола, модел кој е ратификуван од сите земји членки, се со цел да се намали загадувањето на нашата околина. После овој чекор, се забележува подобрување во следните области ; при барање начини да се стане енергетски независен, што значи користење на обновлива енергија. Заштедата на енергија и енергетската независност главно започнува со имплементација на ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ на објектите, со поставување на термоизолација во дебелини кои се бараат за да се постигне енергетска ефикасност.

Ниско- енергетска куќа - Нулта енергија куќа - Енергетски независна куќа

Како и да е изразот за објект кој треба да троши минимална енергија - тоа е морално и тоа е иднината.

Штедењето не е решение. Наместо тоа, направете да биде енергетски ефикасно!

To save in the sense of “giving up something” is not pleasant. We all wish to live comfortably and without worries, so let us create energy efficient buildings.

Да заштедите, а за тоа да се откажете од нешто друго не е во ред. Сите ние сакаме да живееме комфорно и без грижи, затоа дозволете ни да градиме енергетски ефикасни објекти. Дозволете ни да направиме ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ.

 

>>>> Ефикасна термо заштита!

Енергетска ефикасност значи дека не конзумираме толку енергија колку што е потребна за комфорно живеење. Количината на потрошена енергија за комфорно живеење најмногу зависи од поставената дебелина на термоизолацијата која нуди долгогодишна заштита од ладно и топло и овозможува пријатна клима за живеење. Селекцијата на правилна термоизолација зависи од тоа како и каде е користена.

Ефективната термоизолација на објектите е прв и најлесен чекор за долгогодишно комфорно живеење.
Честите несакани временски промени ( бури, поплави, засилени ветришта..), многу високите температури во лето, високите сметки за нивно ладење, големата загуба на енергија при затоплување во зима и новите регулативи за градба ни прават да размимислиме и да превземеме дејства:

- Архитектите се трудат да ги адаптираат облиците на објектите, со цел да ги заштитат од климатските промени
- Прописите и регулативите вклучуваат зголемени барања за термо ефикасност на објектите, за енергетска независност
- Добра информираност на градителите за изборот да крадат ниско- енергетски објекти
- Кога се планира обновување, долготрајност и енергетските решенија се земаат во обзир.

  •  


Rss Feeds

Products

Technical support

First energy aid

Photo Gallery


Copyright © 2024 Fibran (Terms of Use) (Protection of personal data) Designed & Developed by Tessera