Saturday 2 July 2022  
   
Дали знаете...
Сакате да заштедите?
Дебелина на топлинската изолација
Топлински мостови

Топлински мостови
Print

Со топлински мост ја именуваме површината, линијата или точката со зголемен топлински преток. На тие места поради намалениот топлински отпор доаѓа до зголемени топлински загуби. Бидејќи површината на огреваните простории на тие места побрзо се лади, доаѓа до големи разлики меѓу температурата на површината и температурата на воздухот. Потоплиот воздух има својство на впивање на поголеми количини на влага при што во фазата на наситеност доаѓа до кондензирање на влагата на поладните места. На тие места постепено доаѓа до појава на мувла, до отпаѓање на заклучниот слој или дури отпаѓање на малтерот. Појавата на влага а последично и на мувла влијае на удобноста на живеење и на здравјето.

Одредени топлински мостови предизвикуваат невидливо навлажнување и во самата конструкција кадешто постојаното присуство на влага на крајот ќе доведе до уништување на градежните материјали.

Што е решение?

Климата во просторијата можеме да ја подобриме со зголемување на температурата и со почесто проветрување на просторијата, што е само импровизација бидејќи предизвикува нерационално зголемување на потрошувачката на енергија за огревање а со тоа проблемот не се решува.

Топлинските мостови најдобро е да се спречат во фазата на проектирањето или изградбата, во случај на постоечки згради па е потребна санација на истите. Бидејќи на местата на топлинските мостови мораме да го зголемиме топлинскиот отпор на конструкцискиот склоп (треба да се смали преносот на топлината) тоа во пракса значи вградување на дадатна топлинска изолација.

 

Најчести топлински мостови на ФАСАДИ

Топлински мостови сликани од внатре

Потемните линии и површини се поладни и представуваат топлински мост.

 

 

 

Топлински мост под балконска врата– интересно е дака самата врата е многу подобро изолирана отколку спојот помеѓу вратата и подот/тлото. 
 Нерешен топлински мост при балконската врата го зголемува преносот на топлината на околните конструкции.

 

Топлински мостови сликани од надвор

Поцрвените линии и површини се потопли и претставуваат топлински мост.
 
toplotni most obzidane fasadepod balkonskimi vrati
 

 

Топлински мост на целата линија на носачот на обзидана фасада. Во долниот дел на сликата е видно влошување на изолацијата на површината во големина на една изолациска плоча.
Топлински мост на сосема неизолиран фасаден сокл на обзидана фасада.

 

Топлински мостови на КОСИ ПОКРИВИ

Топлински мостови сликани од внатре 

Потемните линии и површини се поладни и представуваат топлински мост.

povsem neizoliran strop proti hladnemu podstrešju napaka ob dimniku

 

 

 

 

Сосема неизолиран таван кон ладно поткровје.  Невнимателност при изведба на оџакот

 

Топлински мостови на РАМНИ ПОКРИВИ

Топлинските мостови на рамните покриви се појавуваат на продорите, при монтажа на додатни елементи на покривот, при одводнување... Одредени зголемени претоци на топлина можат да се смалат на минимум а некои можат барем да се ублажат. Контактирајте не, можеби заедно ќе најдеме добро решение. 

 


Топлински мостови на ПОДЗЕМНИ КОНСТРУКЦИИ

Најголеми топлински мостови (зголемен пренос на топлината во споредба со околината) на конструкциите под површината на земјата претставуваат темелите, особено ако се тоа темели во форма на појас или точковни темели.

Кај скоро нула енергетските куќи (пасивни куќи) топлинските мостови мораме да ги сведеме на нула, затоа се одлучуваме за темелна плоча, којашто може едноставно топлински да се изолира.



Rss Feeds

Products

Technical support

First energy aid

Photo Gallery


Copyright © 2022 Fibran (Terms of Use) (Protection of personal data) Designed & Developed by Tessera