Thursday 18 April 2024  
   

ФИБРАН гео производи
Print

ФИБРАНгео камена волна, изолација за града ( ФИБРАНгео Б) производите се од камена волна, произведени од растопени камења ( MW- производи од камена волна произведени според прописите EN 13162)

Сите ФИБРАНгео производи од камена волна ги задоволуваат КВАЛИТЕТОТ и БЕЗБЕДНОСТА пропишани според Европските Стандарди.

Камената болна е природен влакнест материјал, широко признаен во последните декади за неговите термички и звучни својства, како и за одличните перформанси кога станува збор за заштита од пожар на објекти. Користењето на напредна производствена технологија при производство на производите од камена волна осигурува стабилно производство и висок квалитет на финалните производи.

ФИБРАНгео камената волна е произведена од вулкански минерали како  базалт, варовник, доломит и боксит. Минералите, како репроматеријали, се ставаат во електрична печка каде се топат и се претвараат во влакна. Иновативната мерода, која има далеку повеќе предности од клсичната метода на производство, дозволува контрола на температурата на топење. Регулирањето на константна температура во печката му дозволува на производството формирање на влакна со одлични технички својства. Како додаток, нивото на сулфур и нитроген оксид  се многу ниски за разлика од класичната метода на производство.

Откако ќе заврши фазата за истегнување на влакната, добиените влакна од камена волна, со додаток на ресин и други специјални силиконски смеси, добиваат густина и хидроскопност.

На крај, ФИБРАН гео производите од камена волна се пакуваат како табли, ролни или рефус во различни димензии. Наведените производите исто така може да бидаат произведени со лица.

ФИБРАН гео производите од камена волна нудат одлична термоизолација, со низок коефициент на термоспроводливост и отпорност на топлина при високи температури. Влакната омекнуваат на температура повисока од 1000 степени Целзиусови, како и да е ФИБРАНгео производите од камена волна се погодни за високи температури повисоки од 750 степени.



Места за апликација на ФИБРАНгео производите
Print

 

ФИБРАН гео нуди комбинација на повеќе карактеристики, и симултано обезбедува

- термоизолација

- звучна изолација

- заштита од пожар

на конструкцијата каде се поставени ФИБРАНгео производите.

ФИБРАН гео производите од камена волна се произведени во табли и ролни и со тоа одговараат на потребите на секоја градежна конструкција. ФИБРАН гео производите од камена волна се користат за:

Градежни конструкции

Индустриски апликации

Бродоградителски апликации

Земјоделство




    

Product Selector FIBRANgeo

Technical Characteristics FIBRANgeo


Get Adobe Flash player


Products

Technical support

First energy aid

Photo Gallery


Copyright © 2024 Fibran (Terms of Use) (Protection of personal data) Designed & Developed by Tessera