Кос покрив
Гледајќи дека кровот е најизложениот дел на една градежна конструкција, потребно е да нуди ефективна термозаштита од температурните разлики. Кровната конструкција на косиот кров може да биде од метал, дрво, армиран бетон. Изолацијата може да биде поставена на таванот или на самите греди зависно од кровот ( помеѓу, под или над кровната структура). Изборот на поставувањето на изолацијата главно зависи од тоа дали таванскиот простор ќе се користи за живеење или не. Доколку таванскиот простор се користи за живеење, изолацијата се поставува на гредите, а во спротивно доколку таванот не се претвара во место за живеење изолацијата се поставува на таванот.
ФИБРАН нуди широка палета на различни производи од камена волна, ФИБРАНгео, што дозволува градбата да ги задоволи сите термоизолациони барања.
Дополнително, високиот степен на апсорбција на звук со кој се карактеризираат производите на ФИБРАНгео, ја зголемуваат звучната изолација на изолираните структурни елементи, со што се минимизира звукот кој доаѓа од надворешноста.
И за крај, користењето на ФИБРАНгео производите од камена волна е клучна кога станува збор за заштита од пожар на кровната конструкција. ФИБРАНгео e несогорлив материјал ( КЛАСА А1, EN 13501-1), што ги штити изолираните елементи и останатите елементи околу камената волна од пожар.
|