Изолација на кров
Кровот е најверојатно дел кој е најмногу изложен на високи температури во летото, и ниските температури на зима. Како и да е, избраното градежно решение, како и кровното решение мора да бидат взаемно компактибилни се со цел да ги задоволат структурните барања. Основните параметри за кровно решение главно зависат од климатските услови во таа област.
Се подразбира дека, кровот мора да има доволно термоизолација, а со тоа и звучна изолација, како и да ги задоволи барањата за заштита од пожар. Последователно, изборот на правилната изолација ќе ги комбинира сите три елементи заедно.
Камената волна е идеален материјал, бидејќи ја комбинира одличната термоизолација, висика механичка сила и за статика и за динамика, ги задоволува стандардите за свучна изолација и превенција од пожар на кровна конструкција.
Како седиште за ќерамиди, производот TERMOROOF овозможува термоизолација на највисоко ниво, кој може да се најде во две димензии, зависно од ќерамидите.
Типови на Кровни Конструкции 
Решенијата за апликација на кровната конструкција може да биде категоризирана зависно од местото каде ќе биде поставен изолациониот материјал.
Основните конструкции се армиран бетон, метални, и дрвени.
Предностите на секое решение се следните:
Армиран бетон
- водоотпорност
- кровна конструкција со потребна кровна наклоност за истекување на дожд и сл.
- констукција и можност за простор за живеење
- можност за зелен кров
Челична конструкција
- лесна конструкција
- минимални трошоци за градба
- догорочна конструкција
- брза конструкција
- флексибилна за избор на било какво кровно решение за изолирање
Позицијата на поставеност на изолацијата ја категоризира кровната конструкција во :
ТОПОЛ КРОВ: кога изолацискиот слој е поставен ВРЗ кровните структурни елементи ( над плочата, скелето), без барање за вентилирачки воздушен џеб на кровната плоча.
ЛАДНИОТ КРОВ: кога изолацискиот слој е поставен ПОД или ПОМЕЃУ кровните структурни елемети, со барање да има вентилирачки воздушен џеб под кровната плоча или дишечка кровна мембрана. Ладниот кров не ја задржува термо масата на структурните елементи.
|