Основни карактеристики на кровна изолација 
1. Термички перформанси: Типот, дебелината и густината на материјалот за изолирање ги одредуваат термичките перформанси на самиот објект. Поставеното решение, како и решението за енергетска ефикасност на зградата, ја дефинираат дебелината, типот и карактеристиките на материјалот што треба да биде поставен.
2. Механичка сила: Кровот може да биде носител на статичкиот и динамичкиот дел и има точки на оптоварување. Електромеханичките поставувања за сметаат за статични точки,работата врз кровот од страна на луѓе се смета за динамичко движење.
3. Отпорност на ветар: Решение кое треба внимателно да се разгледа е кога се проектираат кровните конструкции за последниот слој на изолација. Направените студии на таквиот феномен во фазата додека се дизајнира , како и добрата поставеност на секој нареден слој за време на конструкцијата, се клучни за безбедност и ефикасност.
4. Отпорност на сончеви зраци: Сончевите зраци значително се појаки за време на летниот период. Исто така, УВ зраци побрзо ги стареат градежните материјали, посебно мембраните.
5. Отпорност на пожар: Изолацијата за кровни конструкции исто така е по сите стандарди за противпожарност. Кога станува збор за хали, јавни објекти, овој вид на отпорност е од голема важност.
6. Акустични својста: Кровна изолација со зголемена акустика е еден од главните елементи кој мора да биде задоволен. Какао и да е , заштитата од звукот на дождот е морална кога се користи лим.
7. Контрола на испарување: Испарувањето настанува кога се појавуваат температурните разлики помеѓу надворешниот слој на кровот и внатрешниот дел на таванот. Ваква штета може да биде спречена доколку се имплементира потребната изолација за време на проектирањето.
8. Естетика: Естетскиот и крајниот дел на кровот се важни бидејќи го даваат крајниот изглед на целиот кров.
|