Tuesday 8 October 2024  
   

ВНИМАТЕЛНО ДИЗАЈНИРАНА ФАСАДА ПРАВИ ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО СЕКОЈ ДОМ!
Print

ВНИМАТЕЛНО ДИЗАЈНИРАНА ФАСАДА ПРАВИ ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО СЕКОЈ ДОМ!

Како и да е, не секогаш било така. Во минатото, се вложувало повеќе за изглед на фасадата отколку за нејзината функционалност. Повеќето фасади биле под влијание на општеството, достапноста на материјалите и локалното време. Покрај море, најзастапени биле фасадите од камен , за да одржуваат ладна температура во топлите лета. Во Алпскиот регион, биле користени дрвени конструкции, помагајќи им на жителите од тоа подрачје полесно да се навикнат на екстремно ладните температури.

Денеска, кога бираме фасада, најчесто е таа со највисоки енергетски вредности, а изгледот се става на второ место. Бираме и комбинираме најразлични материјали и бои. Се бираат најразлични форми, додатоци се со цел да се направи фасадата поуникатна, но да не се изгуби од нејзината функционалност, а тоа е да ја штити градбата од надворешни влијанија ккао што се вода, сонце, топлина, студенило и снег.

Кога станува збор за грешките при поставување на фасадата, највидливи се кога се работи на голема површина. Тогаш првично се гледаат грешките при изработка на фасадата , најчесто што се однесуваат за енергетска ефикасност , што денеска, е доста позастапена. За да се заштедат пари при правењето на фасадата, многу луѓе обрнуваат повеќе внимание на бојата и изгледот, отколко на материјалите со кој фасадата е правена кои се клучни за подобрување на условите за живеење. Ова посебно е важно за инвеститорите на места кои се подложни на големи температурни разлики – студена зима и топло лето.

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ДОБРО ПОСТАВЕНА ФАСАДА МОЖЕ ДА ЗАШТЕДИ ДО 50% ОД ВАШИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ?

Во модерно време речиси е незамисиво да правиме куќа без термоизолација. Освен што самата градба ќе ја направи енергетски ефикасна, од друга страна е и акустична, со што звукот предизвикан од надворешни фактори е значително намален, а притоа не плаќаме дополнително. Ова е посебно важно за градби кои се наоѓаат во густо населено подрачје, покрај патишта и сл.

Освен ликот и бојата на фасадата, паметно е да се размисли истата да биде функционална т.е. енергетски ефикасна. Како да постигнеме функционална фасада?

 

Новите технологии и материјали донесоа и нови начини на правење на фасадите, развивање на истите како и начинот на нивната изработка. Кога ја дизајнираме куќата од нашите соништа ние ја дополнуваме фасадата со стакла, камени и дрвени додатоци, различни нијанси на бои итн. Но, сепак, изгледот на фасадата речиси и да нема врска со внатрешното живеење, особено ако материјалите од кои е изработена фасадата не ги задоволуваат стандардите за квалитет. Што може да направиме за да ги избегнеме тие грешки?

На пример, стаклена фасада. Таа е одлична кога сакаме сончеви зраци, исто не штити од дожд и ветер. Но, од друга страна, стаклената фасада не е добра за да одржува собна температура без разлика дали е топло или ладно. Што значи тоа?

Едноставно-  не постои боја или стакло или некој друг моден додаток кој автоматски може да биде и изолатор. Без разлика што надворешноста ја покриваме со слој од боја, тој слој не придонесува за квалитетот на внатрешното живеење. Тоа е исто ако споредиме да носиме капут во лето или да шетаме на снег со обична блуза.

БОИТЕ, СЛОЕВИТЕ, СТАКЛОТО, КАМЕНОТ И ДРУГИ МОДЕРНИ ДОДАТОЦИ НЕ СЕ ИЗОЛАТОРИ И НЕ НУДАТ ТЕРМИЧКИ СВОЈСТВА. ТИЕ ГО ПОДОБРУВААТ ЕСТЕТСКИОТ ИЗГЛЕД НА ГРАДБАТА, НО НЕ ГО ПОДОБРУВААТ ВНАТРЕШНОТО ЖИВЕЕЊЕ.

Според тоа, кога се планира фасада, не е се до изгледот. Подобро, треба да се земе во обзир дека фасадата е систем кој ќе не заштити од надворешните влијанија. Доколку фасадата не биде добро испланирана и изведена, има опасност од појава на термички ѕидови, кои значително ја намалуваат енергетската ефикасност на градбата. Исто така, термичките ѕидови ќе направат уште поголеми проблеми, заради кондензацијата на воздухот на ладните површини со што ќе дојде до појава на мувла. Ова е карактеристични за згради со мали прозорци кои немаат добра вентилација.

ЧЕКОРИ ЗА СОВРШЕНА ФАСАДА

Денеска, е незамисливо да направите фасада без термоизолација, во светот овој тренд е главно наметнат заради големите заштеди на енергија.

Доколку правење на фасада не е опција, заради финансиски или други причини ( културно наследство, несогласувања со комшиите) – решение е да ставите внатрешна изолација, со што ќе се подобри енергетската ефикасност, а во исто време и ќе заштедите на сметките за греење и ладење. Сепак, внатрешната изолација има една мана, а тоа е намалување на внатрешниот простор, во зависност од тоа кој тип на изолација со која големина ќе биде поставена.

Сепак кога правите фасада, треба внимателно да ги разгледата сите опции. Максимум енергетска ефикасност и заштеда се постигнува кога се користат испитани, сертифицирани и високо квалитетни изолациони производи. Кога ќе го завршите тој дел, тогаш слободно може да се занимавате со украсувањето на фасадата по ваш избор.



НОВО! Сеизмичка темелна перница во пракса
Print

temeljna blazina SEISMIC

temeljna blazina SEISMIC

 

 

 

 

 

 

Вака се градеше првата сеизмичка темелна перница (топлинска и хидро- изолирана темелна плоча за сеизмички ризични подрачја) во Европа.   



Камената волна со ново име, ново пакување, но со истиот квалитет!
Print

ФИБРАН го започна производството на камена волна во 2002 година, под трговското име ГЕОЛАН- камена волна. После 10 години успешно работење во Грција и на меѓународниот пазар,камената волна на  ФИБАН го смени името во ФИБРАН гео камена волна.

ФИБРАН како производител на широка палета производи во областа на градежништвото, со повеќе од 40 производствени капацитети во Грција и други Европски држави, едногласно одлучи префиксот ФИБРАН да стои на секое трговско име.

ФИБРАНгео камената волна сега е со ново име, во ново пакување, но без промена на квалитетот и стандардите гарантирани и пропишани од страна на ФИБРАН.



Rss Feeds

Products

Technical support

First energy aid

Photo Gallery


Copyright © 2024 Fibran (Terms of Use) (Protection of personal data) Designed & Developed by Tessera