Sunday 29 May 2022  
   

FIBRANgeo - од јадрото на земјата до заштита на објекти
Print

FIBRANgeo - пријател на природата

FIBRANgeo камената волна е природен производ, 100% се рециклира. Произведен во Грција, од вулкански минерали како базалт, варовник, доломит и боксит, репроматеријали стари 200 милиони години. Методата со електричната печка која се користи во процесот на производство, има далеку поголеми предности за разлика од стандардниот начин на производство, со што дозволува производство на влакна со одлични технички својства. Иновативниот начин на производство на влакна за камена волна, стои зад тоа дека нивоата на сулфур и нитроген оксид (SOX и NOX) се минимизирани за разлика од класичниот начин на производство.

  FIBRANgeo термо заштита преку целата година

Заради влакнестата структура, FIBRANgeo  камената волна го задржува топлиот воздух и ја намалува размената помеѓу топлите и ладните површини. Нискиот коефициент на термоспроводливост и високата термоотпорност даваат одлична термоизолација и гарантираат подобрен конфорт во зима и лето. После поставувањето на материјалите тие не ја губат својата ефикасност преку годините. Исто така,   FIBRANgeo производите остануваат непроменети при високи температури или други временски услови.

FIBRANgeo - звучна изолација - заштита од звук

FIBRANgeo камената волна ги апсорбира надворешните звукови, задоволувајќи ги потребните прописи на Sound Insulation Regulations. Фибран гео производите од камена волна имаат висок коефициент на абсорпција на звук и оптимална пропустливост на воздух. Објектите кои се изградени со овие производи се заштитени од надворешни влијанија на звук и во самите простории имаме подобра акустика.

FIBRANgeo - заштита од пожар

FIBRANgeo производите од камена волна се НЕ-ЗАПАЛИВИ материјали кои ги задржуваат своите својства при високи температури, до максимална температура до 700 степени Целзиусови. При користење во градежната, индустриската и бродоградителската конструкција допринесува отпорност од оган до 120 минути од моментот на запалување на објектот. Фибран гео производите се главен елемент кога станува збор за отпорност од пожар на ѕидови, фасади, подови, кровови, панели, врати и други пасивни системи за заштита од пожар.



FIBRANgeo CE Код
Print
Сите FIBRANgeo термоизолациони производи од камена волна се сертифицирани во склад со Европската Директива 89/106/EEC од
2004година, а во поново време се приспособени и со Европската Регулатива 305/2011, која ја заменува претходно горенаведената
Директива. Во склад со горе наведената Регулатива за градежни производи, сите типови FIBRANgeo производи од камена волна носат
СЕ ознака, во согласност со европскиот EN 13162, кој се однесува на термоизолациони производи од минерална волна за примена во
градежништвото. FIBRAN исто така поседува и Декларација за перформанс ( Declaration of Performance, DoP), сертификати за сите
видови производи, кои се достапни на официјалната веб- страна. Согласно горенаведдените стандарди, сите изолациони производи
имаат шифрирана ознака, која гарантира за нивните техничкикарактеристики. На пример:
 
MW - EN 13162 – Ti - CS(10)i – TRi - PL(5)i – CPi – WS - WL(P) – MUi – SDi - AFri – AWi
• MW – фабрички направен изолационен производ од минерална волна, индустриски произведен од растопен камен или стакло.
• EN 13162 – број на европскиот стандард.
• Ti – Толеранција на дебелината. Класа за толеранција за отстапување на дебелината од номиналната. (пр. Класа Т4 : - 3 mm + 5 mm
• CS(10)i – Минимална цврстина при 10 % свивање (кРа)
• TRi – Минимална цврстина за затегнување на површина (kPa).
• PL (5)i – Оптеретување на точка (N).
• CPi –Стисливост (mm). Максимална разлика на дебелината dL, под мало оптеретување од 0.25 kPa, и дебелина dB, под оптеретувањ е
од 2 kPa (+ - 48 kPa).
• WS – Краткорочно впивање во вода (kg/m²) со делумно потопување во вода 24 саата <1 kg/m².
• WL(P) – Долгорочно потопување во вода(kg/m²) со делумно потопување во вода 28 дена <3 kg/m².
• MUi – Дифузија на водена пареа. Макесимален однос (фактор μ) помеѓу отпорноста на водената пареа и отпорноста на воздухот
наводената пареа, со еднакви дебелини.
• SDi – Динамичка крутост (MN/m³). Максималниот однос (фактор s’) на динамичкиот притисок спрема динамичката промена во
дебелината.
• AFri – Отпорност на проток на воздух(kPa s/m²). Минимален коефициент на отпорност при струење на воздух со дебелина 1 m > 5
• kPa s/m².
• AWi –Коефициент за апсобција на звукот. Вредноста нак оефициентот на апсорбција ‘αw’ при фреквенција од 500Hz, мерено
според стандардната крива.
Топлотна спроводливост λD топлотна отпорност RD, како и пожарнак ласификација, треба да се наведат.
• λD - Декларирана топлотна спроводливостц(W/mK). Максимално очекувана топлотна спроводливост за време наж ивотниот век на
производот на средна температура од 10°C ( поголем од лабораториските резултати ), во склад соS RPS EN 13162.
Топлотната спроводливост λ (W/mK) е количината топлина што се пренесува низ секој слој од материјалот, на порвшина од1 m² i 1 m
дебелина, каде се одржува константна температурна разлика од 1K меѓуп овршинските слоеви.
• RD - Декларирана топлинска отпорност (m²K/W). Максимално очекувана топлотна отпорностза време на животниот век на производот
на средна температура од 10°C (помала од лабораториксите резулрати ), во склад со SRPS EN1 3162.
Топлотна отпорност R (m²K/W) е количник помеѓу дебелината на материјалот d и топлотната спроводливостλ ..
• Пожарна класификација – Градежните материјали се класифицираат според нивната реакција на пожар класа A1( незапаливи), A2, B, C,
D, E до F (без дефинирана реакција ), во склад со EN1 3501-1.



 


FIBRANgeo Products 

Product Catalogue

CE Certification (Directive 89/106)

EUCEB Certification

Application Area by Product

Technical Characteristics Table

 


Get Adobe Flash player


Products

Technical support

First energy aid

Photo Gallery


Copyright © 2022 Fibran (Terms of Use) (Protection of personal data) Designed & Developed by Tessera